Call for Members of CVK (in Macedonian)

Централниот Волонтерски Комитет (ЦВК) е координативно волонтерско тело што е составено од 10 члена, од кои секој има свои должности, правила и одговорности.

 

Членовите на ЦВК своите активности ги извршуваат како волонтери во креАКТИВ за што потпишуваат договор за волонтирање во согласност со законот за волонтерство којшто им овозможува право да се здобијат со волонтерска книшка. Волонтерските книшки ги издава соодветна подрачна единица на Министерството за труд и социјална политика и во нив се впишуваат и евидентираат сите волонтерски активности во периодот на траење на договорот.

Членовите се избираат со мандат од една учебна година, со можност да бидат повторно избрани за истата или друга позиција во ЦВК и следната учебна година.

 

ЦВК ги започнува своите активности во втората половина на мај и ги завршува на крајот од учебната година. Во текот на учебната година, членовите на комитетот објавуваат повик за нови членови на ЦВК, ги подготвуваат своите наследници за нивната функција и ги предаваат своите должности најдоцна до крајот на мај.

 

Кои се задачите на членовите на ЦВК?

  1. Помага во планирањето, организирањето и подготовката, како и во спроведувањето на активностите во центарот заедно со другите локални и странски волонтери;
  2. Дава свои идеи и мислења за организирање настани, работилници, обуки, промоции, конференции, изложби, прослави, дебати, трибини и др;
  3. Учествува во спроведувањето на тековните проекти во КЦ креАКТИВ како: обуки, работилници, младински размени во државата и странство, младински акции и сл;
  4. Ги промовира настаните и активностите преку социјалните мрежи на интернет и други медиуми;
  5. Постојано ги информира своите врсници, соученици, колеги и пријатели за активностите во центарот и ги охрабруваат да се вклучат во истите;
  6. Воспоставува соработка со други младински организации, неформални групи на млади како од Македонија, ткаа и од странство, единиците на локалната самоуправа и бизнис секторот;
  7. Помага во изготвување на проекти заедно со вработените во Креактив;
  8. Помага во дизајнирање промотивни материјали за разни настани и кампањи, како и со веб страници и друго.

 

Зошто би биле дел од ЦВК?

  • Стекнувате вредно искуство кое може да ви помогне во понатамошниот ваш ангажман во други организации или претпријатија;
  • Стекнувате многу нови вештини за тимска работа, комуникација, организација и сл;
  • Учите од другите за различните култури, но и се спознавате повеќе себеси;
  • Воспоставувате низа контакти со други организации, институции, медиуми, индивидуи од граѓанскиот и бизнис секторот;
  • Со потпишаниот волонтерски договор ви се издава волонтерска книшка каде секој ваш ангажман е забележан и вреднуван;
  • Добивате поголеми шанси да заминете на младински размени, семинари и обуки во некоја од земјите од Европа;
  • По потреба ви се издава препорака од Креактив доколку аплицирате за некоја стипендија, за студии или слично.

 

Кој може да биде дел од ЦВК?

  • Да сте мотивирани за тимска работа со луѓе од различни средини;
  • Да сте на возраст над 15 години;
  • Да имате барем основно познавање на англиски јазик;
  • Да имате време од  околу 4-5 часа неделно кое би го посветиле на ЦВК;
  • Да сте одговорна и принципиелна личност која навремено и совесно ќе ги извршува задачите за кои сте дале ветување и согласнот;
  • Претходно искуство не е потребно.

 

Како да се пријавите?

Пополнете ја online пријавата која може да ја симнете тука:

http://kreaktiv.webs.com/Prijava%20za%20clenstvo%20vo%20CVK%20kreAKTIV.doc

Испратете ја на stevica@kreaktiv.mk

 

 

Рокот за пријавување е 10 мај 2012 год.

 

About The Author