Здружение на млади Креактив ги повикува сите заинтересирани лица со искуство од координација на проекти од граѓанскиот сектор и младинска работа, да се пријават за позицијата Координатор на проект. Лицето ќе биде ангажирано како координатор на проектот “Youth Empowerment Enabling Prospects-YEEP!“, што Креактив го спроведува во Кавадарци во партнерство со организацијата СОС Детско Село Македонија.
Главни задачи на позицијата Координатор на проект:
- Целокупна координација на проектот во општина Кавадарци;
- Осигурување дека проектот се спроведува во согласност со законските прописи и проектниот договор;
- Ефективно менаџирање на проектниот тим;
- Воспоставување на соработка со партнери на локално ниво;
- Континуирано следење и евалуација на актвиностите од проектот;
- Подготовка на наративни и финансиски извештаи.
Потребни знаења и вештини на кандидатот:
Квалификации:
- Високо образование
- Минимум 2 години искуство во полето на координација на проекти
Лични карактеристики и вештини:
- Искуство со спроведување на проекти
- Искуство во работа со млади
- Комуникациски вештини
- Активно познавање на англиски јазик
Услови за работа:
Позицијата е со пола работно време (20 часа неделно), со повремена работа за викенди и вклучува патување. Координаторот работи во просториите на младинскиот центар во Кавадарци. Бруто платата за ангажманот изнесува 600 евра месечно, во денарска противредност. Периодот на ангажман на Координаторот на проекти е 12 месеци, со можност за продолжување.
Рок и начин на пријавување:
- Кратка биографија на кандидатот;
Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на Креактив: kontakt@kreaktiv.mk најдоцна до 19 февруари, 23:59 часот со назнака: Пријава за Проектен коордиантор. Избраното лице ќе започне со работа на 01 март. Креактив го задржува правото да не избере никој од пријавените кандидати.