Call for Macedonian participants

ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ
Семинар за Програмата Млади во Акција на Европската Комисија (Youth in Action Programme of the European Commission) Струга, 27-29 ноември 2009

Информации за семинарот: Семинарот за програмата Млади во Акција го организира невладината организација КРЕАКТИВ од Скопје, како контакт точка на програмата за Македонија, именувана од страна на ресурсниот центар SALTO-YOUTH SEE и македонската Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност. Работата на КРЕАКТИВ како Контакт Точка се состои во промовирање на програмата во Македонија, дистрибуција на информации и пружање поддршка на други организации и млади кои се заинтересирани за вклучување во неа.
Овој семинар се спроведува како дел од планираните активности на Контакт Точката КРЕАКТИВ за 2010 година, а финансиски е поддржан од страната на SALTO-YOUTH SEE.

Цели на семинарот: Главна цел на семинарот е да им пружи можност на учесниците да се запознаат со програмата Млади во Акција воопшто, а посебно со деловите од неа што засега не се користат во значителна мерка од страна на македонските организации. Со тоа, овој семинар има за цел да придонесе за поуспешна имплементација на програмата во Македонија во иднина.
Според тоа, семинарот ќе вклучува детална презентација на програмата и работилници за подетално запознавање на учесниците со неа. Покрај тоа, за време на семинарот подетално ќе бидат обработени следните аспекти од програмата: процедурата за аплицирање на Акција 2 – ЕВС проекти; можноста за аплицирање за средства за дополнителна дисеминација и искористеност на резултатите од проектите, под акција 3.1 Youth Exchanges (односно Акција 1.1 Младински Размени); можноста и процедурата за аплицирање на проекти под Акција 3.1 Training and Networking in the youth field (односно Акција 4.3 Обука и поврзување во мреѓи на оние кои се активни во областа на младиснката работа и младинските апликации), со исклучок на тренинзи.

Дополнително, во текот на семинарот ќе се посвети внимание на разјаснување на разликата во аплицирањето на предлог проекти до македонската Национална Агенција и до Извршната Агенција на програмата во Брисел.

Целна група: На семинарот ќе учествуваат вкупно 25 учесници – членови на невладини организации (здруженија на граѓани) од Македонија. Од учесниците се очекува:
да имаат претходни познавања/искуства од програмата Млади во Акција;  да се заинтересирани на работат на имплементација на проекти од програмата Млади во Акција;  да имаат можност да работат на подготовка и реализација на проекти во рамките на нивната организација.

Место и датум: Семинарот ќе се одржи во Тренинг Центар Солферино (Црвен Крст) во Струга, од 27ми до 29ти ноември 2009 година.

Трошоци: Сместување во хотелот и трошоци за храна ќе бидат покриени од страна на организаторот. Патни трошоци ќе бидат покриени во висина од најмногу 400 денари по учесник.

Начин на аплицирање: Доколку сте заинтересирани за учество потполнете ја апликацијата и испратете ја на следната е-маил адреса: markoski@kreaktiv.mk најдоцна до 16ти ноември. За резултатите од селекцијата ќе бидете известени најдоцна до 19ти ноември.
Доколку имате дополнителни прашања за семинарот слободно контактирајте не на следната е- маил адреса: markoski@kreaktiv.mk

За да ја симнете апликацијата за учество, кликнете тука

About The Author