Јавен настан

Почитувани,

На 20 април 2011 (среда) во 12:00 часот, на кеј „13 Ноември“, се одржа јавен настан „Изложба: Отворено за студентите“и промоција на коалицијата на студентски и младински организации Платформа за студентски плурализам [ПСП].

Платформа за студентски плурализам претставува неформална коалиција на 16 студентски и младински организации чија заедничка цел е темелна и конечна реформа на постоечкиот систем на студентско организирање преку обезбедување демократска функционалност, транспарентност, вклученост и легитимност на сите организации и групи кои ги застапуваат правата и интересите на студентите во Македонија.

Јавниот настан Изложба: отворено за студентите” имаше за цел промоција на студентските права, должности и улога во општеството, информирање на јавноста за потребата од реформи во системот на студентско организирање и претставување преку создавање на легитимен, демократски и функционален студентски парламент, кој во својата работа ќе се води примарно од интересите на студентите, ќе делува во насока на заштита, унапредување и афирмација на нивните права.

На настанот, преку информативни и интерактивни паноа кои ја сочинуваа привремената изложба, беа претставени правата на студентите во Македонија и во странство и им се овозможи на младите да се запознаат со истите, но и директно да ги искажат своите ставови преку дополнување на изложбата со свои пораки. Исто така, група на млади луѓе делеше бонбони со пораки на минувачите, т.н. „бомбони за мислење“, каде беа напишани пораки за подобар студентски живот, како би ги натерале студентите да размислуваат во насока на подобрување на студентскиот стандард во Македонија.

Претходниот ден, на 19 април, изложбата беше претставена на платото на УКИМ (Правен, Економски, Филозофски и Филолошки факултет), платото на техничките факултети (ФЕИТ, Машински факултет и Технолошкиот факултет) и на Универзитетот ФОН.

 

За Платфoрмата за студентски плурализам (ПСП)

ПЛАТФОРМА ЗА СТУДЕНТСКИ ПЛУРАЛИЗАМ (ПСП) претставува неформална коалиција на 16 студентски и младински организации чија заедничка цел е темелна и конечна реформа на постоечкиот систем на студентско организирање преку обезбедување демократска функционалност, транспарентност, вклученост и легитимност на сите организации и групи кои ги застапуваат правата и интересите на студентите во Македонија.
Силно веруваме дека студентите поседуваат демократски и прогресивен капацитет, дека се свесни за потребата од систем на организирање и претставување ориентиран кон самите студенти, дека ќе дејствуваат за плурализам и дека ќе не поддржат во напорите за реформа на последниот монополски поставен систем на организирање во Република Македонија.

Ве повикуваме да ја поддржите ПСП и да дигнете глас за она што му неопходно на ова општество – непартиски, независен, стабилен, критичен и самокритичен студентски систем, организиран според европските стандарди и практики кои веќе се реалност во регионот.

ПСП е отворена за нови членови, партнерства и соработки. Во моментов ПСП ја сочинуваат:

• Асоцијација за здравствена едукација и истражување Х.Е.Р.А. – Скопје
• Европско здружение на студентите по право во Република Македонија (ЕЛСА)
• Здружение на граѓани за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин – Скопје
• Здружение на граѓани Сумнал
• Здружение на граѓани за поддршка на краетивноста и активното граѓанство Креактив – Скопје
• Здружение на граѓани Младите можат – Скопје
• Здружение на студенти по индустриско инженерство и менаџмент Скопје – ЕСТИЕМ Локална Група Скопје
• ЗГ Центар за развој и унапредување на јавниот живот (ЦРУЈЖ- Тетово)
• ЗГ Центар за демократски развој и интеграција (ЦДРИ- Тетово)
• Македонски политиколошки форум (МПФ)
• Меѓународно здружение за размени на студенти од техничките факултети (ИАЕСТЕ Македонија)
• Младински културен центар – Битола (МКЦ-Битола)
• Младински образовен форум (МОФ)
• Федерација на млади – Скопје
• Фондација за развој на локалната заедница- Штип (ФРЛЗ – Штип)
• Форум на млади – Битола

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

About The Author