in Macedonian: Покана за Отворена Дискусија на Тема Слобода на Говор

Во прилог на оваа порака ви доставуваме покана и програма за Отворената дискусија на тема Слобода на Говор, што ќе се одржи во понеделник, на 15ти јули, во ГЕМ клубот во Скопје (Клуб на Граѓани за европска Македонија), од 19 до 21:30 часот.

 

Дискусијата претставува завршен настан на меѓународната младинска размена “European Express”, што беше реализирана во Словенија, Србија и Македони како дел од програмата Млади во Акција на Европската Комисија. Во рамки на проектот, вкупно 35 млади луѓе од седум европски земји работеа на различни прашања поврзани со темата Слобода на Говор. Организирани беа поголем број на дискусии, работилници,  средби со активисти и обични граѓани од секоја од трите земји, а резултатите од сите настани ќе бидат презентирани во ГЕМ клубот. По презентацијата ќе следи кратка дискусија со присутните гости на темата Слобода на Говорот во Македонија и на Балканот. Работен јазик на настанот е англиски.

 

Меѓународниот проект е во организација на Здружението на млади Креактив од Македонија и Платформ Спартак од Холандија, во соработка со други организации од повеќе земји.

 

Pokana_Freedom_of_Speech

About The Author