Повик за практикант во Младински Центар Креактив

Здружениe на млади Креактив објавува повик за еден практикант во Младински центар Креактив Кавадарци, со можност за понатамошно вработување.

Практикантот се очекува да има интерес за работа во (барем едно од) следниве полиња:
• Менаџментот и организацијата
• Животната средина и пермакултурата
• Младинската работа

Критериуми:
Апликантот треба да е на возраст над 18 години.
Солидно да го познава англискиот јазик.
Да е мотивиран, креативен, флексибилен, отворен, со добри комуникациски вештини, способен за работа во тим и со различни групи.

Заинтересираните можат да се пријават најдоцна до 31ви мај 2017 со праќање CV и мотивациско писмо на kontakt@kreaktiv.mk .

About The Author