Повик за два месеца ЕВС во Словенија

Младински центар Креактив објавува повик за двајца ЕВС волонтери на двомесечен ЕВС проект во Центар за деца и млади „Вила чира чара“ во Словенија.

Волонтерите ќе имаат можност да работат во интеркултурна средина со волонтери од други земји на креативни и едукативни воншколски активности, со лица со попреченост во развојот, мали градежни конструкции и останати секојдневни обврски за одржување на редот и хигиената во и околу младинскиот центар.

На крајот на проектот волонтерите ќе добијат ‘Youthpass’ сертификат.

Сите трошоци за превоз, храна, сместување и плус одредена сума за џепарлак се покриени.

Дополнителни информации можат да се добијат на следниот линк: EVS INFO ZAVOD MANIPURA, SLOVENIA

Начин на пријавување: Испрати биографија/CV и мотивационо писмо на aleksandra@kreaktiv.mk со наслов ‘Пријавување за ЕВС во Словенија 2017’.

Краен рок за пријавување: 31ви јули 2017

About The Author