Повик за вработување во Младинска Асоцијација Креактив Кавадарци

Здружение на млади Креактив објавува повик за вработување во Младинската Асоцијација Креактив, Кавадарци.

Апликантот треба да има интерес и мотивација за работа со млади луѓе преку неформално образование, како и интерес за организациско раководење. Работата се состои од:
– менаџирање на интернационален тим на волонтери
– организирање на настани и меѓународни младински проекти
– развивање на образовни планови и активности

Селектираниот кандидат ќе добие обука за работата, како и шанса да учествува на меѓународни проекти, но и да работи на имплементација на истите.

Потребни квалификации:

– Апликантот треба да е на возраст над 18 години.
– Да го познава солидно англискиот јазик.
– Да е мотивиран, креативен, флексибилен, отворен, со добри комуникациски вештини, способен за работа во тим и со различни групи.

Заинтересираните можат да се пријават најдоцна до 31ви декември 2017 година со праќање на CV и мотивациско писмо на kontakt@kreaktiv.mk .

About The Author